Светската здравствена организација (СЗО) се надева дека во февруари ќе почне вакцинацијата против COVID-19 во сиромашните земји преку програмата КОВАКС, изјави советникот во СЗО, Брус Ејлвард.
„Во повеќе од 40 држави почна вакцинацијата против COVID-19. Меѓутоа, сите вакцини или речиси сите до сега се во земјите со високи или просечни приходи“, посочи Ејлвард.
Тој потенцира дека вакцини треба да добијат и сиромашните земји.
Ејлвард посочи дека СЗО ќе се потруди во некои сиромашни држави вакцинацијата против COVID-19 да почне во јануари.