СЗО загрижена: Нова болест се шири во Кина, болниците се полни

Макфакс
/ 23.11.2023 / 11:00

СЗО изрази загриженост поради зголемувањето на бројот на заболени од респираторни заболувања во Кина и апелира до населението да преземе заштитни мерки.

„СЗО испрати официјално барање до Кина за детални информации за зголемувањето на респираторните заболувања и местата на појава на пневмонија кај децата“, се вели во соопштението на организацијата објавено на социјалната мрежа Х.

СЗО препорачува да се преземат чекори за намалување на ризикот од респираторни заболувања.

Независните кинески медиуми објавија дека детските болници во делови од земјата наводно се полни со болни деца. Кинеските власти го припишуваат наглото зголемување на болестите слични на грип на укинувањето на мерките против коронавирусот, објави BBC.

Во северна Кина забележано е зголемување на случаите со симптоми слични на грип од октомври во споредба со истиот период во изминатите три години.

Кинеските власти минатата недела рекоа дека има зголемување на респираторните заболувања во целата земја, особено грип, коронавирус, микоплазма пневмонија, честа бактериска инфекција, што ги погодува малите деца и респираторниот синцијален вирус (РСВ).

Медиумите потсетуваат дека коронавирусот кој предизвика светска пандемија, барем официјално, дојде од Кина, односно од пазарот во Вухан. И покрај официјалните тврдења дека COVID-19 е предизвикан од појава на инфекција на тој пазар, постојат и многубројни аргументи дека вирусот излегол од тамошната лабораторија.

И покрај постојаните повици од СЗО, Кина никогаш не достави целосен извештај за потеклото на коронавирусот, кој однесе илјадници животи за време на пандемијата.

Тагови
реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе