Скопјани ќе имаат парно во декември, набавен е гас
Набавен е гас од „Макпетрол“ за цел декември за потребите на топланите во Скопје, а за декември е потпишан и договор за користење на топлинската енергија од ТЕ-ТО за затоплување на системот, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски.