Бислимоски: Ако не се постави цевководот на мостот Беласица, ќе имаме ценовно цунами со парното греење

Скопјани ќе плаќаат повисока цена за парно греење ако не се стави цевковод на опожарениот мост „Беласица“.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, објасни дека преку цевководот ја транспортира енергијата од ТЕ-ТО по многу пониска цена од топланите Исток и Запад.

Беслимовски е дециден: доколку не добие цврсто уверување дека ќе се врати цевководот на мостот „Беласица“, ќе имаме проблем со произведената количина топлинска енергија од ТЕ-ТО, која е трипати пониска отколку цената на топланите.

Вкупниот трошок во крајната цена што го плаќаат граѓаните од Скопје е 52% од топланите, а трошокот за ТЕ-ТО е 36%. Беслимовски вели дека 60% од топлинската енергија за Скопје се обезбедува од ТЕ-ТО, а 40% од топланите во Скопје.

„Ако не се постави овој цевковод, тогаш би ни се случило ценовно цунами. Од тие причини, додека не добиеме цврсто уверување дека ќе се постави цевководот, нема да донесеме одлука за цената. Доста беше поради нечии препирки, тоа да оди на грбот на граѓаните“, рече Бислимоски.

Тој уверува дека нема да дозволат да дојде до ценовни шокови. Рече дека 30% од сметката за топлинска енергија е субвенционирана, а новата цена ќе зависи и од тоа дали повторно ќе има владина помош.

реклама

Македонија

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more
 

Вести

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе