Техничка Влада пред избори ќе има, Османи вели дека е доцна да се менуваат правилата

Министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, вели дека нема простор за промена на моделот на Пржинската влада на овие избори.

За Османи важно е на претстојната лидерска средба во декември да се постигне консензус дали изборите ќе се одржуваат споено или одвоено, а на прашањето дали за следните избори ДУИ би се согласила да се смени Пржинската влада, партискиот потпретедател одговори дека засега нема таква одлука.

„Јас би се согласил за наредните избори да се повлече Пржинската влада, но не на овие избори. Едноставно сме преблиску за да ги смениме правилата на игра во последен момент. Сега, на овие избори, продолжуваме со истите правила на игра согласно договореното и уште при формирање на коалицијата“, кажа тој.

Според него, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не е против техничка влада поради министрите и замениците министри, туку поради премиер Албанец.

„Бидејќи тој ја наметна таа тема, на премиер Албанец, мислам дека тука ова прашање нема простор да се дискутира, бидејќи е договорено, за тоа потврди и премиерот и мислам дека тука нема простор. Но, по однос на самите избори, кога, како, почетокот на декември ќе има состанок помеѓу лидерите, и ќе се остави да се постигне консензус. Многу е важно по однос на терминот на изборите, дали ќе бидат споени или ќе бидат одвоени, да има консензус. Јас еве во неколку наврати зборувам што ДУИ мисли, меѓутоа не велам така треба да биде. Ние ќе прифатиме сѐ што ќе се предложи. Но, многу е важно на избори да влеземе со консензус, бидејќи ако влеземе со наметнати решенија уште од старт имаме искривен процес. Мора од таа лидерска средба да излеземе сите со подадена рака. Ова е теренот рамен за избори, ајде најдобриот нека победи, тој што граѓаните ќе го поддржат. Ние ќе инсистираме да има консензус по однос на датумот на избори, по однос на сите техникалии“, изјави Османи.

Тој смета дека Пржинската влада од практичен аспект не е лошо решение затоа што никој после избори не може да обвини некого за наместени избори.

Измените на Законот за влада, во кои е вграден Пржинскиот модел предвидуваат 100 дена пред денот на одржување на избори за пратеници во Собранието, а по претходна оcтавка на претседателот на Владата, Собранието да избере нова, преодна Влада за спроведување на избори.

Се избира нов министер за внатрешни работи и за труд и социјална политика на предлог на опозицијата со најголем број на пратеници во Собранието, по претходна консултација со двете политички партии со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија.

Оваа Пржинска влада предвидува и дополнителни заменици-министри за надворешни работи и на труд и социјална политика предложени од владејачката партија.

На предлог на опозицијата ќе има дополнителни заменици министри за финансии, за земјоделство и за информатичко општество.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе