ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

„Телохранителот на Меси“: Сите што се сомневавте во мене, да ми пушите к*р

Темпераментниот Аргентинец направи скандал по најголемата победа во кариерата.

Аргентина е светски првак - на СП во Катар ја совлада Франција по подобро изведување пенали, а овој триумф многу им значеше на играчите. Неколку од нив ја преминаа границата на добриот вкус и го навлекоа гневот на фудбалските фанатици ширум светот. Се чини дека во овој потфат се истакна Родриго де Пол, играчот од средниот ред на Аргентина и Атлетико Мадрид.

Беше импресивен за време на натпреварот и даде многу за репрезентацијата, но неговото однесување по финалето може да биде предмет на дебата. Тој се однесуваше многу недолично додека шеташе низ теренот со пура во устата, а потоа на социјалните мрежи ги пцуеше луѓето кои го критикуваат. „Телохранителот на Меси“, како што го нарекуваат затоа што го следи секој чекор на дефанзивците кои тргнуваат по капитенот, со само две изговорени реченици направи целосен хаос.

„Испишавме историја. Сите што се сомневавте во мене, да ми пушите к*р“, изјави Родриго де Пол и со тоа стана вториот аргентински фудбалер кој ја згрози планетата по финалето. Пред него тоа во неколку наврати го направи голманот Емилијано Мартинес. Голманот на Астон Вила предизвика хаос на церемонијата на која беше прогласен за најдобар голман на турнирот.

Неговиот простачки потег наиде на осуда од обожавателите ширум светот, а всушност тоа не е единствениот скандал што го следи во текот на неговата кариера. Тој во соблекувалната одржа една минута молчење за Килјан Мбапе, кој за време на финалниот меч во Катар успеа да го совлада трипати во 120 минути, а потоа и во првиот пенал.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе