ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Тепачка за бисерите на Сасуоло

Италијанските гиганти веќе започнаа битка кој кого да потпише од сезонава одличните играчи на малиот и симпатичен Сасуоло.

Италијанските медиуми пишуваат дека на повидок е голема „тепачка“ меѓу клубовите од Серија А за потписот на најдобрите играчи на „Црно-зелените“ од Сасуоло, клуб кој очигледно за новата сезона ќе мора да составува нов тим.

   Џанлука Скамака   

Најжестока се очекува да биде борбата за младиот Џанлука Скамака бидејќи него го сакаат миланските градски ривали Интер и Милан. „Нераѕурите“ на големо се поврзуваат со враќање на Ромелу Лукаку, но реалноста е дека такво нешто е тешко остварливо.

Родум од Рим, Скамака има играно во младинските погони и на Лацио и на Рома, потоа беше во академијата на ПСВ, пред да дојде во младинскиот тим на Сасуоло, кој паметно го калеше праќајќи го на позајмици во Кремонезе, Зволе, Асколи и Џеноа, за сега да блесне во црнозелениот дрес и дури и да стане сениорски репрезентативец на 22 години (на 1 јануари наполни 23). Неговата цена е 30 милиони евра, но Сасуоло сигурно ќе инсистира на многу повеќе со оглед на тоа што има договор до лето 2025 година.

Вредност: 30 милиони евра
Договор до: јуни 2025
Најзагреан клуб: Интер и Милан

   Џакомо Распадори   

Потоа тука е неговиот 22-годишен соиграч од нападот, Џакомо Распадори, кој целата кариера досега ја мина во Сасуоло минувајќи ги сите младински категории. Сезонава блеска со 9 погодоци во Серија А, а него го пикираше Јувентус. Но, има еден проблем: Распадори е јавно деклариран навивач на Интер. Ваков проблем Јуве порано имаше со Доменико Берарди кој дури и беше откупен од торинскиот клуб, но постојано одбиваше да го облече белоцрниот дрес токму поради неговата љубов кон Интер, клубот кој, пак, никогаш не го посака.

Вредност: 28 милиони евра
Договор до: јуни 2024
Најзагреан клуб: Јувентус

   Давиде Фратези   

Слично како Скамака, играчот од средниот ред Давиде Фратези е од Рим и младински фудбал играл за Рома и Лацио пред неговиот талент да го препознае Сасуоло. Сега Рома сака да го врати назад. Има 22 години, а четврта сезона по ред игра стандардно во сениорска конкуренција, но прва за Сасуоло и во Серија А, откако претходните три сезони беше позјамувам во Асколи, Емполи и Монца. Нема дебитирано за сениорите на Италија, но ништо чудно тоа наскоро да се промени иако конкуренцијата на неговата позиција е страшна со оглед на тоа што таму незаменливи се Барела, Верати и Жоржињо.

Вредност: 20 милиони евра
Договор до: јуни 2026
Најзагреан клуб: Рома

   Максим Лопес   

Поранешниот француски младински репрезентативец (сега има 24 години) втора сезона е во Ссауоло откако пристигна од редовите на Олимпик Марсеј. Игра како креативец во средината, а Маурицио Сари го пикираше како иден организатор на играта на Лацио. Бидејќи мајка му е Алжирка во иднина може да игра за ова африканска земја бидејќи засега нема место кај сениорите на Франција, По татко има потекло од Шпанија, па и тие се во игра. Тој е најефтин од оваа четворка бидејќи Лацио ќе треба да одвои околу 15 милиони евра за да го види на „Олимпико“.

Вредност: 14 милиони евра
Договор до: јуни 2025
Најзагреан клуб: Лацио

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе