Вчера, во 16 часот, во СВР Велес било пријавено дека во село Горно Оризари, Велешко, на крстосницата од улицата „Партизанска“ со улицата „Сараевска“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед, управуван од малолетничка од село Горно Оризари, и патничко возило Škoda со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Б. (48) од село Горно Оризари.
Во несреќата тешки телесни повреди добила малолетничката, констатирани во болницата во Велес.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Велес.