Тестирање со брзи антигенски тестови од денеска на шест пункта во Скопје

Министерството за здравство информира дека од денеска на шест пункта во Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Тестирањата се вршат во поликлиниките „Ѓорче Петров“,  „Чаир“, „Ченто“, „Бит Пазар“, „Јане Сандански“ и „Млин Балкан“.

– Овие тестови се за детектирање на коронавирусот, а не на антителата. Резултатите од брзиот тест се добиваат за 10 до 15 минути. Брзите тестови ги закажува матичниот лекар, според претходно одреден алгоритам, а еден од критериумите е симптомите на COVID-19 да не траат подолго од пет дена од почетокот до тестирањето. Алгоритамот за тестирање е направен според препораките на СЗО, а матичниот лекар според земената анамнеза прави процена дали на пациентот ќе му се земе брис за ПЦР тест или за антигенски брз тест, објаснуваат од Министерството за здравство.

Термините за тестирање со брзи тестови ќе одат преку „Мој термин“. Од Министерството напомнуваат дека и доколку брзиот тест е негативен, но симптомите сугерираат на Ковид-19, тогаш матичниот лекар може да процени да направи дополнително и ПЦР тест.

– Брзите тестови ќе го зголемат капацитететот за тестирање на коронавирусот. Министерството за здравство се труди за што поголем број на тестирања се со цел регистрирање на позитивните случаи и ниво навремено третирање и изолирање од околината. Министерсвото за здравство континуирано ќе го зголемува капацитетот како на тестирање со ПЦР така и на тестирање со брзите тестови на територијата на целата држава, информираат од министерството. 

2020-11-09 17:18:55, од Ирена Радовановиќ

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе