Тежок пораз за Меси, Мексиканците дополнително го испровоцираа

Лионел Меси вечерва со својот Интер Мајами претрпе тежок пораз од Монтереј со 3:1 и со вкупни 5:2 беше елиминиран од најелитното клупско натпреварување на Северна и Централна Америка.

CONCACAF Лигата на шампионите од оваа сезона се нарекува Куп на шампиони, а Интер на Меси се прости уште во раната фаза од натпреварувањето поради амбиции. Мексиканскиот претставник Монтереј беше многу подобар во двата натпревари и заслужено напредуваше.

Во првиот меч Мексиканците победија со резултат 2:1, па имаа малку полесна работа да го потврдат пласманот во реваншот. Меси дојде во Мексико за да се обиде да го надомести заостанувањето, но не почна добро.

Веќе во 31. минута Монтереј поведе со голот на Брендон Васкес и на пауза се замина со резултат 1:0.

URL

Клучниот детаљ од целиот двомеч се случи во периодот од 58-та до 64-та минута. Потоа головите на Германецот Бертерам и Хесус Гаљардо за водство на Монтереј од 3:0 го решија прашањето за патување во полуфиналето на континенталниот натпревар.

Работите се влошија во 78. минута кога Жорди Алба доби црвен картон за Интер Мајами. Сепак, до крајот на натпреварот Меси успеа да му асистира на Диего Гомес за утешниот гол и конечен резултат 3:1.

Монтереј во полуфиналето на континенталното натпреварување ќе игра против единствениот преостанат претставник на САД, Колумбус Кру, додека во другото полуфинале ќе играат уште две мексикански екипи, Пачука и Клуб Америка.

Интересна е и објавата на Монтереј на X (Twitter) по исфрлањето на Интер на Меси. Имено, тие објавија кратка порака „СИУУУ“, со која дополнително ги испровоцираа сите фанови на Меси алудирајќи на познатата прослава на неговиот најголем ривал во кариерата, Кристијано Роналдо.

URL
реклама

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Фудбал

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Read more

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Read more

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Read more

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Читај повеќе

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Читај повеќе

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Читај повеќе

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Читај повеќе

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе