Тиго Фајнанс – две години синоним за достапност и брзина во финтек индустријата

Тиго Фајнанс одбележува две години од своето работење на македонскиот пазар. За овој релативно краток период, компанијата успеа да постигне значителни резултати и да внесе позитивни промени во целокупниот финансиски сектор, иако припаѓа на индустрија која има скромни 0,44% удел во вкупните средства.

Во досегашното работење, Тиго Фајнанс ја презеде пионерската улога кога станува збор за достапност на услугите на небанкарските финансиски друштва, како и за подигнување на стандардите за брзината и ефикасностa на индустријата, овозможена од дигиталните и технолошки напредни алатки за детална и сеопфатна проценка на кредитоспособноста на лицето кое аплицира. Заложбите на Тиго за обезбедување на врвно корисничко искуство преку понуда на услуги кои ги пресретнуваат потребите за финансиски средства во најпотребните моменти и градење на взаемна доверба со клиентите, го прават Тиго еден од трите водечки „Top of mind“ брендови во финтек индустријата.

„Ни претставува особено задоволство што денес гордо можеме да се пофалиме со нашите достигнувања за само две години. Со нашето влегување на пазарот воведовме сосема ново ниво и стандарди за корисничка услуга и достапност на небанкарските финансиски услуги, и понатаму придонесувајќи за финансиската инклузија на општеството. Покрај понудата на услуги кои се потребни, па дури и неопходни за граѓаните, нашата улога и важност е евидентна и преку влијанието што како компанија го имаме врз социјалните и економските параметри во земјата, како и нашиот придонес кон општествените вредности. Врз основа на постигнатите резултати и целите за следната година, остануваме одговорен кредитор, со уште поамбициозни планови за развој на бизнисот и индустријата, зголемена динамика на активности и иновации, како и континуирани инвестиции во заедницата”, изјави Филип Димитровски, извршен директор на Тиго Фајнанс.

Во насока на проширување на достапноста на услугите на Тиго Фајнанс, согласно барањата и потребите на клиентите, компанијата во 2019 г. започна процес на експанзија на својата продажна мрежа и отвори нови 16 филијали, достигнувајќи продажна мрежа од 26 филијали во 19 градови. Со тоа, компанијата дополнително го потенцираше својот приоритет за обезбедување на супериорна корисничка грижа за клиентите на сите канали кои тие ги преферираат, дигитални и физички.

Трендот на раст на деловните операции беше проследен и со пораст на директното и индиректното влијание на компанијата врз економијата. Тиго денес обезбедува стабилни приходи за повеќе од 100 вработени, а со своето работење придонесува 23,8 милиони денари кон државниот буџет, преку  ДДВ, персонален данок, данок на добивка и социјални придонеси.

До денес, Тиго оствари соработка со над 250 добавувачи, реализирајќи плаќања кои достигнуваат и до 70 милиони денари и кои индиректно придонесуваат кон одржливост на нивните приходи и вработување.

Тиго Фајнанс е едно од друштвата основачи и член на Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија, чии цели се заштита и едукација за правата на клиентите, како и регулација и развој на финтек индустријата.

Повеќе информации за услугите на Тиго Фајнанс се достапни на веб страницата www.tigo.mk или на телефонскиот број 13 700.

*Промотивен текст

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе