Тим научници откри можна причина за мигрена, болката не е поврзана со главата

Тензичните главоболки и мигрените се најчестите типови на главоболки, но точната причина за овие состојби сè уште не е позната. Сепак, тим од научници од Германија дојде до интересни резултати.

Научниците проучувале магнетна резонанца на 50 пациенти за да ја анализираат поврзаноста помеѓу зачестеноста на главоболката, болката во вратот и движењата на мускулите на лицето.

Конкретно се фокусирале на трапезиусните мускули - големите триаголни ткива што се протегаат низ задниот дел на вратот и рамената и водат до главата и лопатките на рамената.

Истражувачите откриле дека оние што страдаат и од главоболки од типот на напнатост и од мигрена покажале поголемо оптоварување на тие мускули на вратот. Со други зборови, главоболките се резултат на буквално болка во вратот.

Скеновите со магнетна резонанца направени од научниците покажале дека во деновите кога учесниците страдале од болки во главата и вратот, тие исто така покажале повисоки нивоа на стрес на вратот, што укажува на тоа дека тие мускули биле воспалени.

Ова ги наведе експертите да заклучат дека воспалението во вратот, кое може да се развие поради неколку причини, вклучувајќи лошо држење на телото, недостаток на сон, повреда и стрес, може да биде поврзано со тензични главоболки и мигрена.

„Нашите наоди ја поддржуваат улогата на мускулите на вратот во патофизиологијата на примарните главоболки. Затоа, третманите насочени кон мускулите на вратот може да доведат до истовремено олеснување на болката во вратот, како и на главоболката“, вели лекарот Нико Солман.

Солман истакна дека неинвазивните опции за третман кои директно го таргетираат местото на болка во мускулите на вратот, како масажа или акупунктура, можат да бидат многу ефикасни и побезбедни од лековите.

Според Американската фондација за мигрена, двајца од тројца возрасни во САД страдаат од тензични главоболки, а повеќе од 37 милиони Американци страдаат од мигрена. Но, и покрај одличната статистика, сѐ уште не е пронајден универзален третман и лек.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе