Тимо Вернер потпиша за Челси

Напаѓачот на Лајпциг по крајот на сезоната заминува во Челси како засилување за тимот на Френк Лампард.

Тимо Вернер потпиша 5-годишен договор со „Сините“ од „Стенфорд Бриџ“ со кој ќе заработува 170 илјади фунти неделно.

Лајпциг од трансферот на својот најдобар поединец ќе заработи 53 милиони евра. Вернер дојде во Лајпциг од редовите на Штутгарт во 2016 за 14 милиони евра.

„До сите во Челси:
Бескрајно сум среќен што се приклучувам кон „Сините“ наредната сезона! Чувствувам дека тоа е вистинскиот потег за мене и сум пресреќен што ќе бидам дел од Челси. Навистина едвај чекам да заиграм за толку неверојатен и историски клуб! Навивачи на Челси, се гледаме наскоро!“, твитна Вернер објавувајќи и кратка видео-порака.

URL

Вернер ќе ја доигра сезоната во Бундеслигата каде се останати уште само две кола, а во Лондон ќе дојде на почетокот од јули.

Сезонава ги одигра сите 32 натпревара во Бундеслигата на кои постигна 26 голови и забележа 8 асистенции. 24-годишниот напаѓач е и стандарден репорезентативец на Германија за која на 29 натпревари има 11 голови.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Фудбал

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Читај повеќе