Типови на мажи со кои жените никогаш нема да бидат среќни

Прво правило што треба да го знаете е дека не може да промените некој ко не сака да се промени, без разлика колку го сакате. Второ правило е дека секогаш постои момент кога мора да се водите според разумот, а не со срцето.

И тогаш ќе сфатите дека можеби погрешно сте го процениле партнерот. Тоа не е лесно за признавање, но некои типови на мажи едноставно мора да ги избегнувате бидејќи со нив никогаш нема да бидете среќни.

Маж кој се однесува агресивно кон другите

На многу жени им е привлечна кога мажот покажува одредена доза агресија кон други бидејќи тогаш го доживуваат како херој и свој заштитник. Но, ако тој физички тргне на некој тоа никако не значи дека покрај него сте сигурни.

Многу девојки мислат дека „скротиле“ див ѕвер во својот партнер, мислат дека тој нема никогаш да дигне рака на нив. Но, насилството кон другите лесно може да се претвори во насилство кон вас.

Незрел маж

Без разлика колку е згоден, привлечен, интересен, внимателен, ако е незрел не ви треба во животот. Тој си мисли само на сопствените потреби, не сака одговорност, себичен е. Во врската вие ќе мора да му кажувате што треба да прави бидејќи на него нема да му текне. Вам ви треба маж, а не дете. Втора опасност е силното влијание од мајка му, со неа ќе мора постојано да се борите.

Себичен

Ваквиот маж нема емпатија, не разбира и не се труди да ги разбере туѓите чувства. Работи само на себе и своите потреби, не му е важно ако повреди некого. Не умее да го цени тоа што другите го прават за него. Бракот со ваква личност е неподнослив.

Нарцис

Иако на почетокот делува како да има добри намери, подоцна сфаќате дека сте манипулирани. Нарцисите се егоисти, користат манипулација за да го добијат тоа што го сакаат, преку префрлање вина на другиот. Ќе направат од себе жртва, а потоа вас ќе ве обвинат за тоа страдање.

Флертува

Ваквиот маж мисли дека е штета животот да го мине само со една жена. Шармантен е, сака да им угодува на другите, да дели комплименти. На почеток, тоа им годи на жените и се чувствуваат посебни. Но, проблемот се случува кога ќе му здосади партнерката, тогаш бара нова мисија.

Тоа може да биде колешка, вработена во продавница, на шалтер, па дури и вашата најдобра пријателка. Секоја жена која може да му привлече внимание ја гледа како прилика за освојување.

Овој маж никогаш не може да биде верен и тоа никогаш нема да се промени кај него, не заборавајте.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Љубов и секс

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more
 

Магазин

Намалете ги слатките: 8 знаци дека консумирате премногу шеќер

Читај повеќе

Раните знаци на аутизам кај децата може да се откријат дури и пред 3-годишна возраст

Читај повеќе

Жена родена во 1922 не можела да резервира авионски билет оти било многу одамна, па ја запишале како бебе од 2022

Читај повеќе

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Читај повеќе

Што значи малиот засек на увото што го имаат многу мачки?

Читај повеќе

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе