Веројатно сте забележале дека многу мачки имаат мал засек на увото. Дали знаете што значи тоа?
Имено, за да се знае дека мачката е кастрирана и стерилизирана, потребно е да ѝ се отсече дел од увото под анестезија за полесно да се разликува од некастрираните мачки.
Затоа, мачките со засек на увото се прегледани и третирани, стерилизирани и здрави и под контрола на згрижувачи и волонтери. По кастрација и стерилизација на мачката, таа треба да се врати на местото од кое е земена. Не се препорачува дислокација од нејзиното живеалиште.
Пожелно е опоравување од три до четири дена исклучиво во кафез, но тоа не е секогаш задолжително. Мачките кои дојат се враќаат веднаш по будењето од анестезија и се стерилизираат со латерална метода, која ѝ овозможува на мачката да продолжи да ги дои мачињата веднаш по враќањето.
Стерилизирана/кастрирана мачка нема да се пари неколку пати годишно, ќе има подобар имунитет, нема да предизвикува бучава или да се кара со други мачки.