Топ 20 најнебезбедни градови во Европа за 2023 година

За да се добие индексот на криминал во еден град се зема предвид општата перцепција на населението за нивото на криминал, чувството на сигурност во текот на денот и ноќта на одредено место, загриженоста за можна кражба, грабеж, физички напад или дискриминација врз основа на боја на кожа, етничка припадност, пол или религија.

Катанија

Европа е разновиден континент полн со прекрасни места и градови кои вреди да се доживеат во живо. И многу е безбедна за патувања. Но, со секое патување постои одредена доза на ризик. Некои места се сметаат за понебезбедни од другите.

Се прашувате што го прави градот небезбеден? Висината на кривични пријави? Природните непогоди? Бројот на терористички напади или туристичките измами? Всушност, станува збор за комбинација од овие фактори.

Добро познатата глобална корисничка база на земји и градови - Numbeo - го пресметува индексот на криминал врз основа на податоците на своите корисници.

Numbeo смета дека нивото на криминал е многу ниско во градовите со индекс на криминал од 20 или помалку. Градовите со индекс на криминал помеѓу 20 и 40 имаат ниска стапка на криминал, меѓу 40 и 60 умерена стапка на криминал и меѓу 60 и 80 висока стапка на криминал. Нивоата на криминал се сметаат за многу високи на места со индекс на криминал повисок од 80. За среќа, ниту еден град во Европа нема индекс повисок од 65.

Катанија на италијанскиот остров Сицилија е рангирана на прво место на листата на европскиот индекс на криминал во 2023 година, а потоа следуваат Марсеј во Франција и Бирмингем во Британија. На листата на 20 најопасни европски градови според индексот на криминал, најголем број доаѓа од Франција – дури 7, а 4 од Обединетото Кралство.

На Балканот најнебезбеден град е Атина на 13. место, а потоа е Солун на 21.

Најнебезбеден град од земјите на поранешна Југославија е нашиот Скопје, кој е на 39. место на листата со индекс на криминал од 46,9, а три места под него е Сараево.

Топ 20 европски градови со највисок индекс на криминал според анализата на сајтот Numbeo:

  1. Катанија, Италија, индекс на криминал 64,6
  2. Марсеј, Франција, индекс на криминал 64,4
  3. Бирмингем, Обединето Кралство, индекс на криминал 63,1
  4. Ковентри, Обединето Кралство, индекс на криминал 63.1
  5. Шарлроа, Белгија, индекс на криминал 62,8
  6. Неапол, Италија, индекс на криминал 62,6
  7. Монпелје, Франција, индекс на криминал 61,6
  8. Лиеж, Белгија, индекс на криминал 59,4
  9. Гренобл, Франција, индекс на криминал 58,7
  10. Нант, Франција, индекс на криминал 58,4
  11. Париз, Франција, индекс на криминал 57,1
  12. Малме, Шведска, индекс на криминал 56,2
  13. Атина, Грција, индекс на криминал, 55,7
  14. Ница, Франција, индекс на криминал 55,2
  15. Манчестер, Обединето Кралство, индекс на криминал 54,9
  16. Брисел, Белгија, индекс на криминал, 54,5
  17. Днипро, Украина, индекс на криминал 54,1
  18. Лион, Франција, индекс на криминал 53,9
  19. Лондон, Обединето Кралство, индекс на криминал 53,9
  20. Одеса, Украина, индекс на криминал 53,6
Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе