Топ 4 животни со најбрзоделувачки отров

Отровните животни отсекогаш ја привлекувале љубопитноста на научниците и љубителите на природата. Но, дали некогаш сте се запрашале кои животни имаат отров што најбрзо делува?

Порталот Science Insider претстави четири животни со најбрзиот отров во светот, а сите четири живеат во Австралија. Пресметувајќи чиј отров е најсмртоносен и најбрз, ја земале предвид јачината на отровот, дозата што ја внесуваат во човечкото тело и брзината на дистрибуција.

4. Сиднејски инка-мрежест пајак

На местото број четири се наоѓа пајак. Да потсетиме дека на Земјата има повеќе од 40 илјади видови пајаци и повеќето од нив се отровни, но само неколку од нив претставуваат опасност за човечкиот живот.

Најопасен меѓу нив е сиднејскиот инка-мрежест пајак (Atrax robustus). Неговиот отров е 60 пати посилен од цијанидот, а ако ве касне може да умрете за час или два. Отровот го напаѓа нервниот систем, кој се преоптоварува и на крајот се исклучува.

Remote video URL
3. Источна кафена змија

Пајаците не се единствените отровни жители во Австралија, која е дом на 20 од 25-те најсмртоносните змии во светот, вклучувајќи ја и источната кафена змија (Pseudonaja textilis), која е одговорна за најмногу смртни случаи од каснување од змија во Австралија. Нејзиниот отров е осум илјади пати посилен од цијанидот и може да убие човек за помалку од еден час. Го напаѓа и нервниот систем и го забавува сѐ додека не се исклучи. Во исто време, отровот содржи компонента за згрутчување на крвта.

Remote video URL
2. Синопрстенест октопод

Синопрстенестиот октопод (Hapalochlaena lunulata) има отров илјада пати посилен од цијанидот. Човек може да умре од овој отров во рок од 20 минути. Бактериите во неговата плунка создаваат исклучително силен невротоксин кој ги парализира мускулите. Штом таа парализа ќе стигне до дијафрагмата и мускулите околу ребрата, потребни се само неколку минути за да настапи смрт.

Remote video URL
1. Морска оса

Сепак, едно од морските животни во Австралија е крајниот убиец, чиј отров е најбрз и најефикасен кога станува збор за неговите жртви.

Станува збор за медуза, т.н. морска оса (Chironex fleckeri). Нејзиниот отров не е најотровен, тој е „само“ две илјади пати посилен од цијанид, но оние што ги допрело ова суштество умреле за 15 минути. Тоа е затоа што нивните пипала се покриени со ситни отровни пикада, наречени нематоцисти, кои исфрлаат токсини што го запираат срцето.

Remote video URL
Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Вести

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе