Тошковски: Треба да се направат длабоки реформи во МВР со кои ќе се врати достоинството на полицискиот службеник

Министерот за внатрешни работи во текот на денешниот ден освари работни посети на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, Полициското одделение Петровец, Единицата за внатрешни работи Гази Баба и Единицата за недозволена трговија.

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата е една од ретките организациски единици каде нема недостаток на возила и соодветна техничка опрема за работа и оваа организациска единица има сериозен удел во делот на изречени прекршочни санкции од областа на сообраќајот, бидејќи истата во континуитет спроведува акциски контроли низи државата по претходно изготвен план од Бирото за јавна безбедност.

Полициското одделение Петровец ги покрива општините Илинден и Петровец и огромна територија, а се соочува со недостаток на човечки ресурси и возила кои им се неопходни за да можат квалитетно да ги извршуваат секојдневните задачи. Во иднина треба да се размислува ова одделение да се траснформира во полициска станица или да се отвори уште едно полициско одделение во Општина Илинден, имајќи ја предвид територијата и бројот на население кои живеат во оваа општина.

При посетата на Единицата за внатрешни работи Гази Баба и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, министерот Тошковски имаше можност да оствари работен состанок со полициските службеници кои се дел од овие организациски единици и непосредно преку разговор со нив да се запознае со предизвиците со кои секојдневно се соочени.

„Во тој контекст, бев известен дека инспекторите од Одделението за криминалистички работи Гази Баба се соочуваат со недостаток на компјутери за работа, застарени возила, а главен проблем кој го истакнуваат речиси сите полициски службеници е ниската плата во однос на сродните професии, поради што полициската работа станува сè помалку атрактивна и сè повеќе колеги го напуштаат МВР“, констатираше министерот Тошковски.

Министерот, полициските раководства и полициските службеници заедно констатираа дека во иднина треба да се направат длабоки реформи во МВР со кои ќе се врати достоинството на полицискиот службеник, а полициската професија повторно ќе биде гордост и чест, бидејќи полицајците се лицето на државата.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Македонија

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Read more

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Read more
 

Вести

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе