„Тотален хаос“ во гигафабриката на Tesla во Берлин

За разлика од другите фабрики на Tesla, фабриката во Берлин не е привлечна за работниците.

Германските погони на Tesla се во големи проблеми, а причината, верувале или не, е недостатокот на работна сила. Европската гигафабрика требаше да вработи дури 12.000 работници, а моментално има значително помалку работна сила, само 7.000. Поради ова не може да се постигне оптимален интензитет на производство, а во иднина може да биде уште полошо.

Неименуван извор за Wired изјавил дека фабриката е во „тотален хаос“ и дека некои работници биле на боледување подолго отколку што работеле, односно работеле само неколку недели во последните шест месеци.

А епилогот е лоши производствени резултати, или ниска продуктивност. Планот на Tesla беше да произведува 5.000 примероци од Model Y неделно до крајот на оваа година, а моментално не можат да постигнат ниту половина од планираното количество - во октомври произведуваа со интензитет од 2.000 примероци.

Со ова германските погони значително потфрлија во однос на другите гигафабрики. Гига Шангај достигна 20.000 примероци за 100 дена, Гига Тексас за 151 ден, а Гига Берлин дури по 187 дена. За потсетување, Гига Берлин со работа започна во март годинава.

Remote video URL

Зошто Tesla не е привлечен работодавец?

Одговорот е многу едноставен. Германската автомобилска индустрија е една од најсилните во светот, но и најпрофитабилната, па работниците имаат одлични услови. Очигледно не и во Tesla, бидејќи германскиот синдикат на металопреработувачи IG Metall тврди дека платите во Tesla се за 20 отсто помали. Исто така, невработеноста е многу ниска во овој германски регион.

„Има недостиг од квалификувани работници насекаде“, изјави за Wired Холгер Бонин, директор на истражување на Институтот за економија на трудот во Бон.

„Сите што би можеле да бидат ангажирани се веќе вработени. Ова го отежнува пополнувањето на работните места“.

Дополнително, работниците кои навистина се вработуваат не остануваат долго во Tesla. Поранешните вработени го истакнуваат недостигот на искуство на менаџерскиот тим и наглите промени во работните обрасци како главни пречки, особено за работниците со деца. Велат дека Tesla нема емпатија. Затоа, многу работници ја продолжуваат својата кариера на друго место.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Авто новости

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе