Toyota ќе го претстави својот нов електричен SUV на Саемот за автомобили во Шангај кој почнува на 21 април.
На објавениот тизер се најавува претставувањето на новиот електричен автомобил, а се гледа само предниот дел. Според гласините станува збор за електричен SUV кој ќе ја носи ознаката BZ.
Засега не е познато дали станува збор за концепт или за продукциски автомобил. На Toyota ѝ е потребен уште еден електричен модел за да остане во игра.
Од Toyota се очекува и нова технологија за батерии кои би требало да се најдат во продажба до 2023 или 2024 година.