Трамп ненадејно излезе од болница и ги поздрави своите приврзаници

МИА/КАЈГАНА
/ 05.10.2020 / 08:51

Американскиот претседател Доналд Трамп накратко излезе од воената болница „Волтер Рид“, во која е хоспитализиран поради коронавирус, и од автомобил ги поздрави своите приврзаници.

– Претседателот Трамп кратко се провози во колона возила со цел да ги поздрави своите приврзаници пред болницата и веднаш се врати во претседателскиот апартман во медицинскиот центар „Волтер Рид“, соопшти Белата куќа по „кратката прошетка“ на американскиот претседател.

Тој е забележан во колоната возила, која полека минала покрај болницата, каде биле собрани негови приврзаници.

Своето ненадејно излегување го сними и го објави во кратко видео на Тwitter.

– Мислам дека малку ќе ги изненадиме патриотите кои се на улица, напиша Трамп на Тwitter и им заблагодари на лекарите.

Новинарите акредитирани во Белата куќа упатија критики до Трамп бидејќи не биле известени за неговото кратко и ненадејно излегување од болницата.

Невообичаено е новинарите кои се акредитирани во Белата куќа да не го следат движењето на шефот на државата.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе