Актерот Џејми Фокс потврди дека во наредниот биографски филм ќе ја толкува улогата на Мајк Тајсон, славниот американски боксер во тешка категорија.
Кастингот за долгоочекуваниот филм со Џејми Фокс беше за првпат најавен во 2014 година, сепак по шестгодишен одмор се појавија сомнежи дали воопшто ќе биде нешто од проектот, пишува CNN.
Но, актерот ја потврди веста, објавувајќи фотографии на Instagram. Тој вели дека напорно вежба и се подготвува за снимањето на филмот, а неговата трансформација е очигледна.
„Не е лесно да се работи на биографски филм. Понекогаш се потребни и 20 години за да го направиме тоа, но официјално почнавме. Едвај чекам да им покажам на луѓето за што станува збор“, вел Фокс.