Трендови за модерна спална соба во 2022 – и еден материјал кој дизајнерите го забранија

Како да ја реновирате спалната соба за да биде модерна? Прочитајте ги трендовите за 2022 година кога станува збор за дизајн, декор, постелнина...

Како да ја реновирате и уредите спалната соба? Без разлика дали се вселувате во нов стан или сакате да вдахнете нова доза на свежина и елеганција во вашиот стар дом, овие совети и трендови за уредување на спална соба ќе бидат хит во 2022 година.

Дизајнерите на ентериер ги открија трендовите за 2022 година и неколку работи кои ќе бидат „забранети“ кога е декорот во прашање. Доколку планирате да ја реновирате вашата спална соба или едноставно да ја обоите и да купите нов мебел, добро запомнете ги - тие се безвременски и нема брзо да излезат од мода, па така со малку труд ќе се погрижите за убавината на оваа соба во следните неколку години.

„Ќе се користат се повеќе природни материјали, како и светли, неутрални бои. Еден од возбудливите трендови е тапацирот на мебел, дури и кога станува збор за парчиња кои вообичаено не ги гледаме на тој начин. Освежување на стари комоди или табуретки ќе биде хит“, изјавија дизајнерките Џена Чаут и Маријана Угарте.

Еден материјал ќе биде „забранет“ особено во спалната соба, предупредија тие. Тоа е кадифето, па ако имате перници или столче тапацирано со кадифе, знајте дека сега е време да ги замените или повторно да ги тапацирате бидејќи овој материјал веќе е „демоде“.

Линии

Пруги, риги, наречете ги како сакате и применувајте ги насекаде! Тие се голем тренд во дизајнот за 2022 година, без разлика дали се работи за мебел, постелнина или дури и подови чиј дизајн е изразен со паметна употреба на светли и темни нијанси.

„Она што е генијално во овој тренд е фактот што секој простор ќе го направи поинтересен и поголем. Пробајте со риги од различни нијанси на иста боја само на таванот или на еден акцентен ѕид. Можете да се држите до слични нијанси ако сакате само малку свежина, или можете да направите контраст на светли и темни бои кои веднаш ќе привлечат внимание“, вели дизајнерката Кез Мајерс. Модерната постелнина за 2022 година бара и ваков дизајн, а во продавниците ќе најдете широк избор на ќебиња, перници и чаршафи кои се во овој тренд.

Седење во спалната соба

Ако имате простор, во 2022 година, според трендовите, во спалната се „вселуваат“ столчиња, фотелји, табуретки, мали софи... Тие ви даваат можност да седнете и да одморите или да ставите на нив работи за кои ен знаете веднаш каде да ги сместите.  Зошто да криеме, секој има столче на кое „фрла“ чиста гардероба што треба да се испегла или џемпер што го облекол само еднаш. Тогаш тоа парче мебел нека биде нешто што ќе привлече внимание!

Сè повеќе клиенти бараат мала софа, столици, решенија за седење кои носат чувство на смиреност и релаксација. Дури и во мали спални соби, удобното место за седење е вистинската работа. Ако немате простор за мала софа, размислете за табуретка или фотелја, вели Мајерс.

Освежете го креветот

Дури и ако не купувате нов кревет, еден тренд му дозволува да добие нов лик. Трикот е да ја смените таблата над креветот и да станете „парче“ само за себе, во согласност со трендовите за 2022 година. Креветот најчесто стои така што ќе го погледнете просторот над него веднаш штом ќе влезете во собата, а ако ја освежите главата на креветот со храбар дизајн, тој ќе стане централна точка која го привлекува погледот.

Друга боја, па дури и тапацир со впечатлива ткаенина, наеднаш го претвора и најобичниот кревет во дизајнерско парче. Некогаш и нови украсни перници кај заглавјето на креветот внесуваат нова енергија во целиот простор.

Темни бои

Можеби ви звучи чудно, но дизајнерите велат дека трендот на бои за ѕидовите за 2022 година, кога се во прашање спалните, се темните боиу.

Сега ќе речете „но тогаш собата ќе изгледа уште помала“, а дизајнерите ќе ви објаснат точно што е „финтата“.

„Сакаме да ги направиме малите соби уште поинтересни, а тоа го постигнуваме со потемни, нагласени бои. Експериментирајте со нијанси на сива, зелена или дури сина боја. Дизајнерите велат дека потоплите бои како црвената и земјените тонови не се во тренд, но не се забранети доколку навистина сакате спална соба во таква нијанса. Ова е вашата соба и треба да го одразува вашиот стил.

Неутрални бои

Доколку не сте подготвени за мрачен експеримент или се плашите дека ќе се „уморите“ по неколку месеци, тогаш неутралните бои се за вас. Но, не досадно бело, туку цел спектар на убави, ненаметливи, дискретни бои кои се „на работ“ на белото. Ќе се изненадите колку светлите нијанси на беж, жолта или сива боја, кои на прв поглед изгледаат бели, внесуваат карактер во вашиот простор.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе