Третиот бран на COVID-19 зема замав, задолжително да се почитуваат мерките за заштита

Бројот на заболени и хоспитализирани со COVID-19 и натаму не се намалува. Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, регистрирани се 1.299 новозаразени, 24 починати и 413 оздравени пациенти.

Министерот за здравство Венко Филипче апелира здравствените мерки и протоколи задолжитено да се почитуваат, бидејќи се во интерес на заштита на здравјето на граѓаните.

– Штитејќи се себе си ги штитите и вашите семејства, роднини, пријатели, познаници, а со тоа покажувате и почит кон трудот на здравствените работници, порачува министерот Филипче.

На инфективните оддели се лекуваат 1.289 пациенти со COVID-19, од кои 543 се во Скопје. За 24 часа во Скопје се хоспитализирани 84 пациенти.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 118.736, бројот на оздравени пациенти е 100.250, на починати е 3.448, а на активни случаи изнесува 15.038 од кои дури 7.736 се во Скопје.

Министерот Филипче вчера изјави дека се соочуваме со навистина силен бран, секој ден има голем број новодијагностицирани случаи и сето тоа бара една организација и прераспределба на пациентите кои се јавуваат во болниците по регионите и пациентите на кои им е потребен хоспитален третман во скопските јавно-здравствени установи.

– Со модуларните болници се зајакнува капацитетот во болниците, на бројот на болнички кревети. Над 30 дополнителни кревети многу значи за болницата во Кочани, заради тоа што таа услужува огромен број пациенти во државата. Тука доаѓаат пациентите од Берово, од Виница, од Пехчево, од Пробиштип, од Каменица итн. Пациентите традиционално бараат лекарска услуга и во други специјалности заради тоа што болницата е позната по својата експертиза, а сега со начинот на прераспределба на работата голем дел од капацитетите се посветени на третман на пациенти со COVID-19, истакна вчера министерот Филипче по посетата на Општата болница во Кочани.

Во Скопје во тек е вакцинација на здравствените работници. Досега се вакцинирани 6.142 здравствени работници. На веб-страницата kovid19vakcinacija.mk  e oбјавено дека досега 111.014 граѓани се пријавиле за вакцинација против COVID-19.

Министерот Филипче вчера изјави дека масовната вакцинација на населението ќе почне или со вакцината на AstraZeneca или со кинеските вакцини, а ќе биде објавено кога со сигурност ќе има информации дека тргнале вакцините кон земјава.

– Секојдневно сме во комуникација, производителите се соочуваат со предизвик да ги испорачаат потребните вакцини ширум земјата. Имаме некакви најави и тие најави се за крајот на месецот, првите недели на април, но повторно, имајќи го искуството од досега, искуството од останатите земји, искуството со КОВАКС системот, сите тие соочени со тој предизвик, тогаш кога ќе бидеме информирани сигурни дека тргнале кон нашата земја ние тоа ќе го објавиме, рече Филипче.

Оцени дека вакцинацијата на здравствените работници се одвива добро и дека кога таа ќе заврши ќе има сериозно висок процент вакцинирани здравствени работници, особено на тие кои работат со ковид пациенти.

– Првата група вакцинирани здравствени работници од 4.000 доктори се вакцинираше целосно и таа група се ревакцинира со вакцината на Pfizer. Допонително со руската вакцина уште 700 до 800 лекари од 3.000 треба да завршат. Буквално од сите болници, ЈЗУ, лаборатории, ПЗУ, матични лекари, стоматолози…, сите категории здравствени работници се вакцинираат со динамика која самите ЈЗУ ја даваат, односно сите што работат со пациенти заболени од COVID-19. Вакцинацијата добро се одвива и кога таа ќе заврши ќе имаме сериозно висок процент вакцинирани здравствени работници посебно тие кои работат со ковид-пациенти. Ќе бидат сите заштитени за да можат како најкритична група посебно сега соочувајќи се со овој бран да работат заштитено, додаде Филипче.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

Времето денеска сончево и потопло

Read more

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more
 

Вести

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе