Три генерации дизајнери споделија: Како се калеше македонската мода?

Александра Спасеска
/ 01.10.2020 / 09:51

Деновиве Скопје навистина живее во моден дух.

Во очекување на денешното отворање на 22. Модниот викенд Скопје во чиј фокус ќе биде одржливата мода, синоќа модните вљубеници имаа можност да уживаат во „час по историја“ за македонската мода.

Настанот насловен „Три генерации македонска мода – пренос на знаење“ што се oдржа вчера попладне на платото на вила Водно, го отвори сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска. Првата дама со пиетет зборуваше за основоположниците на модата во нашата земја и важноста да се поддржат младите креативци во нивните понатамошни надградувања, како образовно, така и кариерно.

Исто така ја нагласи нужноста за одржливо, еколошко и етичко работење во модната и текстилната индустрија која тешко беше погодена од пандемијата. Првата дама исто така акцентираше дека со промоцијата на македонскиот дизајн се промовира својата земја и дека таа инсистира на официјални настани во странство да носи креации на македонски дизајнери. 

„Преку промоција на младите дизајнери, да го поддржиме развојот и унапредувањето на македонскиот дизајн, а преку него заштитата на културното наследство и воедно промоција на текстилната индустрија, која има важен удел во развојот на економијата во земјава. Неопходно е да се стави акцент на еколошкиот момент во дизајнот и грижата за животната средина преку креации од рециклиран материјал.“

Дизајнерката со светска кариера и редовен професор на ТМФ Лидија Георгиева, во чии креации често ја гледаме првата дама (како што беше случај и вчеравечер), следеше со ревносна презентација на нејзините почетоци во областа на уметноста, дизајнот и модата, нејзиното образование во Париз и секако - работата во изминативе осум години со студентите на моден дизајн при Институтот за дизајн и инженеринг на облека на ТМФ/УКИМ.

„Интересот за дизајн и креативни индустрии кај нас и во светот е во подем, па така, се работи за интересна презентација, која може да ги мотивира идните креативци, а и оние кои веќе се определени. Јас и професорката Зорица сме завршиле студии во Париз, па секако француската мода и култура ќе бидат во центарот на вниманието“, ни најави Георгиева пред одржувањето на настанот.

Таа потенцираше колку е важно да се вложи во вистинското и квалитетно образование, упатувајќи моќна порака до идните студенти по дизајн и млади дизајнери: Одговорноста е клучен дел од работата на секој кој сака да се нарече дизајнер.

По неа следеше излагањето на вонредната професорка во пензија и костимограф Зорка Тодорова-Младеновиќ, која живописно ни ги пренесе скромните почетоци на идејата за мода и текстилна индустрија во земјава, од 60-тите, па сѐ до нејзината последна ревија во 90-тите.

Тодорова-Младеновиќ сподели многу анегдоти и историски важни моменти за модата во Македонија, а пред модните ентузијасти нагласи дека „дизајнер кој не знае сам да скрои модел или да му објасни на моделарот која е неговата идеја и краен резултат, не е дизајнер“.

Таа исто така ја презентираше нејзината новоиздадена книга „Како да станам моден дизајнер“.

Што може да очекуваме од иднината на модата кај нас (а надежно и во светот), ни покажаа двете апсолвентки при Институтот за дизајн и инженеринг на облека на ТМФ/УКИМ - Љубица Беќарова и Катерина Димитровска – кои ги презентираа своите досегашни трудови и визии за иднината.

Вечерта ја заокружи неформално дружење и вмрежување на присутните гости со организаторите, размена на идеи и дополнително споделување на искуства во различни области од модната индустрија кај нас.

реклама

Живот

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Read more

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more
 

Магазин

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе