Три раси на кучиња што не се за секого

Познато е дека кучињата се најдобри пријатели на човекот, но дури и тие можат да станат агресивни доколку сопственикот не се однесува соодветно со нив.

Најчесто, кучињата не касаат без причина, а можат да ве каснат од потреба да ги заштитат своите кученца, сопственици или самите себе, тоа е нивниот начин да ги бранат оние што ги сакаат. Кучињата можат да нападнат други кучиња или луѓе доколку сопственикот не се однесувал добро со нив и тие се трауматизирани или малтретирани. Дури и во такви околности, некои раси се однесуваат поагресивно од другите, а според World Dog Finder, овие три раси се меѓу нив.

Канарио

Канарското куче е многу силна, масивна и интелигентна раса на која ѝ треба рана социјализација и обука. Тие не се најдобри за неискусните сопственици бидејќи имаат силен ловечки инстинкт, а доколку сопственикот не им обезбеди доволно активност, можат да станат деструктивни.

Ротвајлер

Ротвајлерот е исклучително силно куче, со широки гради, силен, исправен грб и силни нозе. Многу се лојални и приврзани и секогаш се подготвени да го одбранат својот сопственик, семејство и дом. Имаат развиен борбен и заштитнички инстинкт поради кој штом почувствуваат опасност тргнуваат во акција. Никогаш не лаат без причина и имаат потреба од слобода. Тие можат да бидат многу дисциплинирани ако нивниот сопственик има доволно авторитет.

Питбул

Питбулот е најупотребуваната раса за борби со кучиња ширум светот, а исто така е прогласена и за најопасното куче во САД. Исклучително се силни и имаат неверојатно силен гриз, па не е ни чудо што многу луѓе се плашат од нив.

Овие кучиња порано го носеа прекарот дадилки, но по сите негативни асоцијации со нив, многу луѓе ги доживуваат сосема поинаку. Можат да бидат опасни и агресивни, но со соодветна обука и рана социјализација можат да станат феноменални домашни миленичиња.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе