Три златни правила за луѓето кои живеат со висок крвен притисок

Хипертензијата е тивка глобална епидемија која погодува повеќе од 1,3 милијарди луѓе во светот, а речиси половина од нив не ни знаат дека крвниот притисок им е висок.

Оние кои знаат дека имаат висок крвен притисок можат да преземат три чекори за да ја задржат својата состојба под контрола и да го намалат ризикот од срцеви заболувања.

Ова се трите златни правила до кои треба да се придржуваат:

1. Вежбајте, избегнувајте сол, не пушете

Вообичаените совети за здрав начин на живот се удвојуваат ако сакате да избегнете срцев удар, деменција, откажување на бубрезите и други здравствени состојби кои можат да бидат предизвикани од занемарен крвен притисок. Ова значи многу вежбање, урамнотежена исхрана, малку сол и живот без цигари. Здравиот начин на живот исто така ќе ви помогне да ја намалите потребата од лекови за крвен притисок.

Спортовите на издржливост, како што се возење велосипед, пешачење или пливање се најдобри, идеално барем три пати неделно по 30 до 45 минути. Најдобро е да се избегне прекумерно оптоварување на кардиоваскуларниот систем. Ако одите на трчање, на пример, обидете се да не спринтирате до точка каде што едвај дишете.

2. Редовни проверки

Ако знаете дека имате висок крвен притисок, треба редовно да го мерите, на пример еднаш неделно или секој месец. Најдобро е да разговарате за ова со вашиот лекар. При мерење дома, вредностите обично се пониски отколку кај лекарите. Тоа е затоа што многу луѓе во ординација се малку вознемирени, што предизвикува зголемување на притисокот.

Запишувањето на вредностите во дневник или апликација е добра идеја. Дури и ако се чувствувате добро како пациент со хипертензија, вашиот лекар сепак треба периодично да го мери вашиот крвен притисок, на пример на секои шест месеци.

3. Не престанувајте да ги земате прошишаните лекови

Лековите треба да се земаат точно како што е пропишано од лекарот. Ова значи дека дури и ако се чувствувате добро, не треба да ја намалувате дозата - барем не без зелено светло од вашиот лекар.

Секој што зема АКЕ инхибитори, сартани или диуретици треба редовно да ги проверува функцијата на бубрезите и нивото на калиум. Тоа е затоа што овие лекови кои се користат за лекување на висок крвен притисок може да ги оштетат бубрезите. Експертите за здравје на срцето советуваат скрининг еднаш пред да започнете со терапијата, четири недели потоа, по три месеци и потоа на секои шест месеци.

реклама

Здравје

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more
 

Магазин

Раните знаци на аутизам кај децата може да се откријат дури и пред 3-годишна возраст

Читај повеќе

Жена родена во 1922 не можела да резервира авионски билет оти било многу одамна, па ја запишале како бебе од 2022

Читај повеќе

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Читај повеќе

Што значи малиот засек на увото што го имаат многу мачки?

Читај повеќе

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе