Тринаесет години од загинувањето на Тоше Проески

Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред тринаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

Како и во изминатите години, во чест на Тоше ќе трчаат десет маратонци и денеска напладне треба да стигнат во Крушево на неговото вечно почивалиште на Гумење. Поради пандемијата годинава маратонот се одржува на територијата на нашата држава – од преминот Табановце, преку Скопје до Крушево. Двајца претставници на маратонците ќе истрчаат 10 километри во Нова Градишка, Хрватска, и таму ќе положат цвеќе во спомен на Тоше.

Пречекот на маратонците ќе го организираат средното училиште „Наум Наумоски-Борче“, основното училиште „Никола Карев“ и Општина Крушево. Како и досега, на влезот на Крушево маратонците ќе бидат пречекани со црвени рози. Тринаесет години од смртта на Тоше ќе бидат одбележани кај новоизграденото спомен-обележје на неговото почивалиште на Гумење, за кое Владата обезбеди 10 милиони денари.

На музичката ѕвезда почит ѝ оддадоа и велосипедисти од тиквешкиот регион кои од 20 септември во рамки на проектот „Од срце за Тоше“  возеа низ цела држава за да пристигнат во Крушево. Годинава на 9 август на Крушевското Езеро, пак се одржа првиот пливачки маратон „Тоше Проески“  организиран од пливачкиот клуб „Вардар 2018“ од Скопје, со идеја да биде традиционален. На маратонот имаше повеќе од 40 учесници кои пливаа два и пол километри.

Спомен-куќата на Тоше во Крушево е отворена за посетители со почитување на протоколите за заштита од вирусот. Има околу 700 експонати во постојаната поставка која се обновува секоја година за роденденот на Тоше на 25 јануари. Годинава првпат беше изложена реплика од облеката што Тоше ја носеше на „Евросонг“ во Истанбул во 2004 година.

Од отворањето во 2011 година, оваа музејска установа имала повеќе од 650.000 посетители од кои, според раководството, една третина се од странство, пред сè од балканските земји.

Поради пандемијата, оваа година не се одржа манифестацијата „Ѕвездено небо за Тоше“  која фановите во изминатите години ја организираа на 5 октомври на плоштадот „Македонија“ во спомен на неговиот последен и хуманитарен концерт што го одржа на 5 октомври 2007 на Градскиот стадион, кој со одлуката на Владата минатата година беше преименуван во Национална арена „Тоше Проески“.

Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран (The Hardest Thing).

Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007. 

Remote video URL
реклама

Шоферски дилеми: Дали смеете да прескокнувате брзини?

Read more

За два дена, на Гренланд се стопи доволно мраз за да ја потопи Флорида

Read more

За ова гледаме Олимпијада: Со договор, две злата за скок во височина

Read more

Зошто Германците ќе ги климатизираат патиштата?

Read more

МК сцена

„Чувај ме“ е новата песна на култниот македонски бенд „Д.Н.О“

Read more

Уште еднаш, овојпат без солзи: „Архангел“ се поезијата на Скопје

Read more

Ристо Вртев: Песните на „Архангел“ сега ми будат поинакви емоции од времето кога беа напишани

Read more

Нова изведба и спот за легендарната „Лихнида“

Read more
 

Сцена

  • filter

1 август 1981, со спотот за Video Killed The Radio Star почна да работи MTV

Читај повеќе

Репертоар на Кино Милениум (29.7.-4.8.2021)

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејди Гага во главната улога во филмот „House of Gucci“

Читај повеќе

Британскиот X Factor откажан по 17 години емитување

Читај повеќе
  • play_arrow

Вил Смит го глуми таткото на сестрите Вилијамс во инспиративен филм за тенисерките

Читај повеќе
  • play_arrow

Скарлет Јохансон го тужи Disney поради филмот „Black Widow“

Читај повеќе

Мајкл Б. Џордан откри дали тој е новиот Супермен

Читај повеќе
  • play_arrow

Оскар Ајзак е мистериозен коцкар во трејлерот за „The Card Counter“

Читај повеќе

Канје Вест се затвори во соба без прозорци додека не го заврши албумот

Читај повеќе