Новата мутација на коронавирусот, што првпат беше откриена во Обединетото Кралство, набрзо се појави во уште 7 земји и сега е регистрирана во вкупно 101 земја од светот.
Мутацијата на вирусот, што првпат беше откриена во Јужна Африка, пак, е проширена во 41 земја од светот, додека таканаречната бразилска мутација во моментов е активна во 29 земји од светот, сооопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Таканаречниот британскиот вид се појави минатиот септември, јужноафриканската варијанта циркулира од август 2020 година, а бразилската варијанта на коронавирусот е активна во Бразил и Јапонија од декември минатата година, додава СЗО.