Тројанецот GoldDigger сега е опасен и за iPhone

Уредите на Apple се под нова безбедносна закана, според компанијата за сајбер безбедност Group-IB.

Станува збор за тројанец со име „GoldDigger“, кој краде банкарски информации на корисниците на iOS, а оригинално е направен за Android.

Со понатамошен развој, сепак, тој е адаптиран за да може да ги нападне и оние кои имаат iPhone или iPad. Компанијата тврди дека тоа е првиот тројанец создаден за iOS и дека е доста опасен бидејќи собира СМС, лични документи, како и податоци за препознавање лица.

Со помош на овие податоци, хакерите можат да користат вештачка интелигенција за да креираат дипфејкови, а со тоа да пристапат до податоците на корисниците. Додека да го сфатат ова, веројатно ќе биде предоцна.

URL

Првично, овој тројанец беше претставен преку Apple TestFlight, кој им овозможува на програмерите да објавуваат бета верзии на нивните апликации без да мора да поминат низ евалуацијата на Apple.

Овој вирус е присутен насекаде низ светот, иако неговата главна цел се луѓето во Тајланд и Виетнам, велат од компанијата за сајбер безбедност. Засега нема конкретно решение, па затоа е најдобро да избегнувате апликации за кои не сте сигурни од каде доаѓаат.

Тагови
реклама

Софтвер

Популарната апликација постара од Windows доби значително подобрување по над 40 години

Read more

Вирусот Medusa ги чисти банакарските сметки на Android корисниците

Read more

Apple најави голема промена за iOS 18

Read more

Google предупредува: Не паѓајте на оваа измама!

Read more
 

Гик

  • play_arrow

НАСА објави снимки од спојувањето на две галаксии

Читај повеќе
  • play_arrow

Дефект на Falcon 9 ја приземји ракетата на Маск

Читај повеќе
  • play_arrow

Xbox прибегна кон „хорор стратегија“

Читај повеќе
  • filter

Пиењето во авион има уникатен ефект врз телото

Читај повеќе
  • filter

Како се формираат фосилите? 7 неверојатни примери

Читај повеќе

Популарната апликација постара од Windows доби значително подобрување по над 40 години

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Неистражени длабочини: 10 нерешени океански мистерии

Читај повеќе
  • filter

10 јули 1856 – роден е научникот Никола Тесла

Читај повеќе
  • play_arrow

Новата европска ракета Ariane 6 лансирана во вселената

Читај повеќе