Тројца од напаѓачите во Виена имаат и македонско државјанство

Министерството за внатрешни работи извести дека тројца од напаѓачите кои вчеравечер извршија терористички напад во Виена, освен австриско имаат и македонско државјанство.

Преку Европол, австриската полиција до МВР доставила барање за соработка и информации околу терористичкиот напад кој се случи синоќа.

„Денеска (03.11.2020) од австриската полиција, преку Европол, до Министерството за внатрешни работи беше доставено барање за соработка и информации околу терористичкиот напад кој се случи синоќа во Виена. Од списокот на австриската полиција, кој е доставен до повеќе полиции, меѓу кои и нашата, утврдено е дека три лица покрај австриското имаат и државјанство на Република Северна Македонија, и тоа К.Ф. (роден во Модлинг, Австрија), А.Г. (роден во Сент Полтен, Австрија) и У.А. (роден во Виена, Австрија). Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР веднаш се стави на располагање на колегите од Австрија и интензивно соработуваме на сите елементи поврзани со овој случај“, стои во соопштението на МВР.

Според последните информации, бројот на починати по вчерашниот напад во Виена порасна на петмина починати, што значи дека настрадаа четири минувачи и еден напаѓач. Уште седум други луѓе се борат за живот, пренесува АPA. Во повеќе болници во градот има 17 луѓе кои се тешко повредени, а 10 луѓе се во шок.

Заев и Курц изразија подготвеност да ја продолжат комуникацијата и соработката во врска со теорористичкиот напад

Премиерот Зоран Заев денеска оствари комуникација со неговиот австриски колега Себастијан Курц во врска со терористичкиот напад.

Од Владата за МИА информираа дека Курц изразил благодарност до Заев поради искажаната солидарност и поддршка.

„Премиерите изразија подготвеност да ја продолжат комуникацијата и соработката во врска со теорористичкиот напад доколку австриските служби утврдат таква потреба“, велат од Владата.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Хроника

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Read more

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Read more

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Read more

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе