Туризмот одлучува: Црна Гора сака да ги отвори границите за Русите

Националното координативно тело за COVID-19 на Црна Гора размислува за можноста за отворање на границите за граѓаните на Русија од 1 август.

Ако одлуката биде позитивна, тоа би ги израдувало вработените во туристичката дејност, објави весникот Dnevne novine од Подгорица.

Ваквото размислување се темели на информациите дека во Русија со денови се бележи значителен пад на бројот на заразени со коронавирус и дека вчера во земјата имало најмалку заразени од април наваму.

Дали ќе биде донесена ваква одлука зависи од низа фактори кои ги диктира пандемијата со COVID-19, објави весникот.

Факт е дека има огромен интерес кај руските државјани за летување во Црна Гора, за што сведочат бројните повици на туристичките агенции во врска со датуми за отворање на границите за Русите.

Црна Гора веќе ги отвори границите за туристи од Украина и Белорусија, а стигнуваат и првите туристи од Израел.

Во Црна Гора во индивидуални сместувачки капацитети во 2019 година биле регистрирани 1.352.028 туристи, од над 98 отсто биле странци.

На прво место биле Русите (29,%), па Србите (25,3%), па граѓани на БиХ (10,6%), Украина (3,8%), Германија (3,2%) и Полска (2,1%). Туристите од другите земји вкупно заземаат 19%.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Живот

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Read more

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Read more

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Read more

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more
 

Магазин

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Читај повеќе

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе