Twitter воведува нова опција - „Twitter Blue“.
На почетокот на мај, компанијата соопшти дека ќе лансира нова опција, според која корисниците на социјалната мрежа ќе плаќаат месечна претплата и ќе имаат различни поволности.
Сега е потврдено дека „Twitter Blue“ доаѓа и ќе чини 2,99 американски долари месечно.
Првото нешто е „колекцијата“ - омилените твитови можете да ги зачувате во посебен дел.
Следно е прелистување без реклами, и тука е најважната опција за твитерџиите - уредување на твитови.
Е има и „суперследење“, каде што сепак ќе мора да дадете пари за претплата за да следите одредени луѓе.
Дали сте на Twitter? Дали би платиле за овие поволности?