Многу корисници на Twitter не можеа да ја користат оваа социјална мрежа во средата, а причината се технички проблеми, пишува BBC.

Корисниците беа спречени да пишуваат твитови, па дури и добија порака во која пишуваше „го надминавте дневниот лимит за твитови“. Проблемите првично беа откриени од веб-страницата DownDetector.
Главниот извршен директор на Twitter, Илон Маск, ја намали својата работна сила во последните неколку месеци откако ја купи платформата во октомври за 44 милијарди долари. Минатиот месец Twitter имаше само 2.000 вработени, што е драстично помалку од 8.000 вработени пред доаѓањето на Маск.
Се чини дека техничкиот проблем е делумно решен, што го потврдија многу корисници.
Исто така, корисниците пријавиле проблем со пораките на Twitter.
Сè уште не е познато колку корисници имале проблеми.
Во последните недели, многу корисници се жалеа на грешки при користење на Twitter. Медиумите јавуваат дека Маск наредил суспензија на развојот на нови функции со цел да се максимизира стабилноста и робусноста на системот, особено поради приближувањето на Super Bowl.
Twitter исто така соопшти дека корисниците со претплата од 8 долари во САД можат да пишуваат твитови со повеќе знаци.
Претплатниците на Twitter Blue сега можат да напишат до 4.000 знаци, додека оние без претплата се ограничени на 280 знаци.