Уапсен инспектор од Државниот пазарен инспекторат, примал поткуп

Синоќа во 12 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш – Отсек за економски криминал го лишија од слобода 33-годишниот К.Ѓ. од село Подареш, Радовишко, вработен во Државниот пазарен инспекторат, Одделение за инспекциски надзор Струмица, со градовите Гевгелија, Валандово и Радовиш, поради сомнение за сторено продолжено кривично дело примање поткуп по член 357, а во врска член 45 од Кривичниот закон, извести МВР.

„На 21.11.2023, осомничениот, од двајца жители на Радовишко, примил 3.000 денари, кои претходно ги побарал од нив за да не констатира прекршок во согласност со Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност, односно за да не преземе службено дејство, кое бил должен да го изврши. Во моментот кога е лишен од слобода кај него се пронајдени парите што ги примил како поткуп. Од дополнително преземените мерки и активности било утврдено дека К.Ѓ. во периодот од јуни до ноември 2023 година во повеќе наврати од жители на Радовиш и Радовишко примил пари во вкупен износ од 18.000 денари и 150 евра како поткуп. Во еден случај примил поткуп за да не констатира прекршок по извршен надзор, а во другите случаи поткупот го примил со цел да не изврши надзор, кој бил должен да го изврши“, соопшти МВР.

К.Ѓ. е задржан во Полициската станица Радовиш и ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Хроника

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Read more

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Read more

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Read more

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе