Компанијата Ubisoft требаше да претстави две големи игри во септември, но тоа нема да се случи.
Ubisoft одлучи да ги одложи игрите „Rainbow Six Extraction“ и „Riders Republic“. Продажбата на играта „Rainbox Six“ требаше да започне на 16 септември, но тоа ќе се случи дури во јануари 2022 година. Исто така, пристигнувањето на играта „Riders Republic“ е поместено од 2 септември за 28 октомври.
Во секој случај, „Rainbow Six Extraction“ е поважна игра со оглед на популарноста која ја доби „Rainbow Six Siege“. Ubisoft сака повеќе време за „да го смени начинот на кој играчите играат и размислуваат за игриците пои подразбираат соработка“ и да се осигура дека игрицата ќе нуди „возбудливо гејмерско искуство“.
Што се однесува до играта „Riders Republic“, Ubisoft сака дополнително да поработи на „подобрувања на искуството“ и да им овозможи на гејмерите пред да започне продажбата да го дадат своето мислење“.
Излегувањето на игрицата „Rainbow Six Extraction“ веќе се одложуваше неколку пати.