УЕФА ЕУРО 2020

УЕФА би можела да дозволи повеќе од 23 фудбалери на претстојното ЕУРО

Европската фудбалска асоцијација би можела да им дозволи на националните тимови да пријават повеќе од 23 фудбалери за претстојното Европско првенство, закажано од 11 јуни до 11 јули, во 12 градови во исто толку држави.

„Одлуката сè уште не е донесена, предлогот се разгледува“, изјави синоќа портпаролот на Европската куќа на фудбалот.

Националните селектори, вклучувајќи го и македонскиот Игор Ангеловски, имаат рок до крајот на мај да го испратат до УЕФА списокот со 23 фудбалери, кои ќе настапат на ЕУРО.

Сепак, изминатите неколку недели, повеќе селектори се огласија со желба бројот на фудбалери за претстојното ЕУРО да биде зголемен, истакнувајќи оти фудбалерите се под голем притисок поради згуснатиот распоред во националните лиги и репрезентациите, како и позитивните случаи на коронавирус и задолжителната изолација што влијае врз нивната физичка подготвеност.

Предлогот за зголемување на бројот на играчи прв во јавноста го изнесе белгискиот селектор Роберто Мартинес, кој во изјава за локалните медиуми, предложи репрезентациите да можат да предложат „26 или дури 27 фудбалери“.

„Не знам дали УЕФА ќе нè послуша. Мислам дека тоа би можел да биде добар чекор“, коментираше италијанскиот селектор Роберто Манчини, додека неговиот француски колега Дидје Дешамп додаде дека „проширувањето на списокот за две или три нови имиња би било добра работа.

Тагови
реклама

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Кога почнува староста?

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Read more

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Read more

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Read more

Тони Крос објави крај на кариерата

Read more
 

Спорт

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Читај повеќе
  • filter

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Читај повеќе

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Читај повеќе

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе