УЕФА ЕУРО 2024

УЕФА го брендираше ЕУРО 2024: Претставени логото и слоганот

Обединети од фудбал. Обединети во срцето на Европа - ова е новиот слоган за наредното Европско првенство за кое УЕФА синоќа го претстави и официјалното лого.

Точно во 20 часот и 24 минути по средноевропско време, за да ја симболизира годината на одржување на 17-тото Европско првенство, синоќа на „Олимпиаштадион“ во Берлин домаќините на спектакуларен начин со светлечко шоу на европската јавност ѝ го презентираа логото кое ќе биде заштитен знак на ЕУРО 2024.

„Логото на турнирот произлегува од боите на знамињата на 55-те членки на УЕФА, кои подредени во различни комбинации го красат покривот на 'Олимпиаштадион'. Познатио пехар Куп Анри Делано се наоѓа на средината од логото, додека 24-те парчиња во боја околу него ги претствауваат 24-те репрезентации учеснички на ЕУРО“, објаснува УЕФА.

Remote video URL

Целосното видео со светлечкото шоу може да се погледне тука.

Ако внимателно се погледне логото, боите навистина претставуваат знамиња и тоа дури и одредени држави. Почнувајќи од долу лево се гледа прво знамето на Германија, а потоа одејќи нагоре доаѓаат Унгарија и Италија (гледајќи хоризонтално и вертикално), Франција и Холандија, Белгија, Литванија, Романија, Естонија, Бугарија, Ерменија, Украина и на крајот десно долу доаѓа Ирска.

Слоганот „United by Football. Vereint im Herzen Europas“ е двојазичен и ја претставува обединетоста на Европа и земјата домаќин која се наоѓа во средината на континентот и која во 2024 година ќе биде центар на фудбалска Европа.

Брендирањето на ЕУРО 2024 беше претставено од претседателот на УЕФА - Словенецот Александер Чеферин, в.д. претседателот на Германската фудбалска асоцијација - Рајнер Кох, турнир директорот на ЕУРО 2024 - Филип Лам, како и претставници на градовите Берлин, Дортмунд, Диселдорф, Гелзенкирхен и Штутгарт и други високи претставници од земјата домаќин.

Наредното ЕУРО ќе се игра од 14 јуни до 14 јули 2024 година во 10 града ширум Германија и тоа Берлин, Минхен, Дортмунд, Гелзенкирхен, Штутгарт, Хамбург, Диселдорф, Келн, Франкфурт и Лајпциг. Квалификациите ќе почнат во март 2023, а ќе завршат со баражите во март 2024. На завршницата ќе биде одигран вкупно 51 натпревар.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе