Укинати ковид мерките за влез во земјава

Престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во земјава задолжително да приложат сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан COVID-19 во последните 180 дена, медицинска потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред влезот во државава или негативен брз антиген тест направен 48 часа пред влезот во земјата.

Одлуката вчера на седница ја донесе Владата која ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб.

Како што информираа од владината прес-служба, Владата донела и одлука да биде укината и мерката домашна изолација/карантин во времетраење од седум дена за лицата кои при влез на граничните премини нема да приложат еден од досега предвидените сертификати или потврди.

Претходно, беа укинати и мерките за задолжително носење маски во основните и средните училишта и во затворени простории, освен во болници, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица. Не се бараат ниту сертификати за влез во шопинг центри. Олабавувањето на рестриктивните мерки следува по стабилната епидемиолошка состојба во земјава.

Согласно вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје кои ги соопшти Министерството за здравство, при направени 1.833 тестови регистрирани се 133 нови случаи на COVID-19, од кои 20 се реинфекции, има 156 оздравени пациенти и нема починат, но преку „Мој Термин“ е пријавено едно починато лице во болнички услови на 8 април.

Од почетокот на епидемијата регистирани се 308.752 КОВИД-дијагностицирани лица, бројот на оздравени пациенти е 298.688, на починати е 9.263, а бројот на активни случаи изнесува 801 од кои најголем број 444 се во Скопје.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе