Украинската криза ја „здрма“ и Германија: Рецесијата е на повидок

Расположението на германските инвеститори падна на рекордно високо ниво во март поради војната во Украина и економските санкции против Русија.

Колапсот на нивните идни очекувања предизвикува „сè поверојатна“ рецесија во најголемата европска економија, покажуваат денешните резултати од Институтот за економски истражувања ZEW.

Институтот ZEW соопшти дека неговиот индекс на економско расположение паднал на минус 39,3 поени овој месец од февруарското ниво од плус 54,3 поени, пренесува Reuters.

Ова е најголем месечен пад од декември 1991 година, кога започна овој тип на истражување.

„Рецесијата станува сè поверојатна. Војната во Украина и санкциите против Русија значително ги намалуваат економските перспективи на Германија. Колапсот на економските очекувања е придружен со екстремен пораст на инфлациските очекувања“, се вели во изјавата на претседателот на ZEW, Ахим Вамбах.

Индексот кој ги мери тековните услови на работење падна на минус 21,4 поени од минус 8,1 претходниот месец.

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер во понеделник најави дека владата во среда ќе го одобри предлог-буџетот за 2022 година, но дека во наредните недели ќе биде доставен до парламентот за усвојување дополнителни фискални планови поради економските последици од војната во Украина.

Последиците од украинската криза во корпоративна Германија денеска ги посочи генералниот директор наVolkswagen, Херберт Дис, кој рече дека уште го немаме видено целосното влијание на војната, но дека таа ги доведува во прашање деловните перспективи на производителите на автомобили во 2022 година.

реклама

Бизнис

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе