ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2024

Унион Берлин сака да се засили со македонскиот капитен Барди

Филип Здравески
/ 05.12.2023 / 12:00

Трансфер шпекулациите за зимскиот период велат дека Енис Барди би можел да заигра во Бундеслигата.

Откако пред нецели две недели на клупата на клубот од германската престолнина седна хрватскиот стратег Ненад Бјелица, се отвораат вратите и за нашиот Енис Барди во овој тим.

Имено, Унион Берлин лани беше огромно изненадување во Бундеслигата, дури избори и учество во Лигата на шампионите, но сезонава игра катастрофално и е закован на последното место.

Токму затоа управата се одлучи да го отпушти Швајцарецот Урс Фишер, кој во клубот е од јуни 2018 и го внесе во Бундеслигата, па потоа играше и во Европа конференциската лига, Лига Европа и сега Лигата на шампиони.

Бјелица добро го позмнава Барди бидејќи од април до октомври годинава го водеше Трабзонспор, каде имаше половичен успех. Хрватскиот стратег е добро запознаен со квалитетите на Барди и токму затоа го посакува како едно од зимските засилувања.

Македонскиот капитен во моментов има вредност од 6 милиони евра и не се очекува Трабзонспор да прави проблем за евентуален трансфер со оглед на тоа што Барди во последните месец дена е преселен на клупата за резерви под водство на новиот стратег Абдулах Авџ'.

За жал Барди и да се пресели во Берлин нема да игра во Лигата на шампионите бидејќи на коло до крајот Унион нема шанси да заврши на првите две позиции и единствено може да се избори за продолжување во Лига Европа, ако ја помине Брага. За такво нешто треба да триумфира на дуелот со сезонава перфектниот Реал Мадрид, а Брага да загуби од Наполи.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе