United Airlines приземји флота авиони поради знак за забрана за пушење

Авиокомпанијата United Airlines привремено ја приземји целата своја флота од сосема нови авиони Airbus A321neo.

Одлуката на United нема никаква врска со безбедноста на авионите, туку со знаците за забрането пушење, кои датираат од прописите од 1990 година. Според тие прописи, таблите „забрането пушење“ мора рачно да ги управува екипажот, а новодизајнираниот Airbus A321neo има софтвер кој автоматски ги прикажува знаците за време на летот за да не мора екипажот да ги вклучува и исклучува. Токму тука настанал целиот проблем.

Да потсетиме, пушењето беше целосно забрането на домашни и меѓународни летови пред речиси 25 години.

„Контроверзните“ системи за автоматска сигнализација не се нови. Многу авиокомпании ја заобиколуваат регулативата од 1990 година со барање за ослободување до Федералната управа за воздухопловство (ФАА). United аплицираше за ослободување на целата своја флота уште во 2020 година, што беше одобрено, но има еден проблем. Airbus A321neo е сосема нов авион, така што не потпаѓа под заштита на тоа изземање. Овие авиони почнаа да летаат пред само два месеца.

United бара дозвола од ФАА да го додаде Airbus A321neo на постојното ослободување и тоа барање е во фаза на разгледување, но компанијата веќе доби „привремена“ дозвола да продолжи со летовите додека процесот е во тек.

„ФАА наведува дека ова не е безбедносен проблем. Пет од нашите авиони A321neo беа надвор од употреба во понеделникот, што резултираше со доцнење на летовите, но не и откажувања. Ги заменивме авионите со други модели за да ги минимизираме непријатностите за патниците“, соопшти United.

Компанијата потроши 650 милиони долари за своите пет нови авиони.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе