Управа за финансиска полиција: Невистинити се изјавите на Рускоска за побараните предмети

Невистинити се изјавите на обвинителката Вилма Рускоска дека од Управата за финансиска полиција барала конкретни 300 предмети и дека ѝ се доставени само 30-ина предмети кои таа не ги ни барала, реагираат од Управата.

Со Наредбата за претрес и Барањето за податоци од страна на Управата за финансиска полиција, додаваат, се бараат сите анонимни кривични пријави доставени до Управата за финансиска полиција од 2018 година до денот на претресот, односно денот на одговор по барањето.

– Во барањето за податоци даден ни е рок за постапување од 10 дена и истиот започна да тече од 18 јули 2022 година. Седум дена по претерсот и барањето, односно на 25 јули, кога Управата за финансиска полиција излезе со соопштение во јавноста во кое информиравме за претресот и поднесени претставки поради сомнение за злоупотреби од страна на обвинителката Вилма Русоска, во 14 часот во Управата пристигна допис со кој што се бараше Управата веднаш да ги достави дотогаш прибраните предмети и списи. Управата за финансиска полиција во тој момент располагаше со обезбедени 35 предмети оформени по „анонимни кривични пријави доставени до Управата од 2018 година до денот на одговор на барањето“ и тие предмети беа веднаш доставени во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, наведуваат од Управата.

Во меѓувреме, како што посочуваат оттаму, постапувајќи по наведеното барањето од страна на Управата за финансиска полиција, дополнително обезбедени се уште 150 предмети оформени по „анонимни кривични пријави доставени до Управата од 2018 година до денот на одговор на барањето и за истото Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со допис е известено.

– Во дописот, меѓудругото е наведено следното „Согласно член 287 ст. 2 од Законот за кривична постапка Субјектите од ставот (1) на овој член се должни на јавниот обвинител да му достават податоци, известувања, документи, предмети, банкарски сметки или списи кои му се потребни во текот на постапката. Јавниот обвинител има право да бара податоци, известувања, документи, предмети, банкарски сметки или списи и од други правни лица и од граѓаните за кои може основано да смета дека располагаат со такви податоци или информации“, а имајќи го предвид Извештајот од извршениот Надзор од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во кој што извештај е констатирана ненадлежност на обвинителките Вилма Рускоска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска да постапуваат по конкретниот предмет РО бр.155/22, Ве молиме писмено да нѐ известите на чие надлежно постапување, согласно одредбите од Законот за јавно обвинителство е доделен предметот РО бр.155/22, а со цел од страна на Управата за финансиска полиција на надлежниот јавен обвинител да му бидат предадени бараните податоци/ предмети и воедно со надлежниот обвинител да биде составен Записник за примопредавање на предмети“, се наведува во соопштението од Управата.

Управата за финасиска полиција, велат оттаму, е во исчекување на одговорот од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а со цел да ги достави обезбедените податоци/предмети кои се побарани од Управата согласно Барањето за податоци РО 155/22 од 18 јули 2022 година.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Македонија

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Read more
 

Вести

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена

Читај повеќе