Управа за извршување на санкции: Се работи за превид на судските служби при спроводот на Мијалков

Управата за извршување на санкциите смета дека не постои одговорност кај било кој вработен во Казнено поправниот дом од отворен вид во Струга во врска со постапката за спроведување на Сашо Мијалков од КПД Струга на повторено судење за случајот Титаник 2, бидејќи по вонредниот инспекциски надзор констатирано е дека не се работи за погрешно постапување, туку за превид на судските служби.

Управата за извршување на санкциите информира дека денеска го спроведе претходно најавениот вондреден надзор во Казнено поправниот дом од отворен вид во Струга со цел да се проверат околностите поради кои на ден 22.12.2022 година осуденото лице С.М. не беше спроведено во Основниот кривичен суд во Скопје на главна расправа по кривичниот предмет Титаник 2.

– Во текот на надзорот се утврди дека од Основниот кривичен суд Скопје на ден 14.12.2022 година во КПД Струга е добиено барање заведено под V КОК.бр.7/20 со датум од 23.11.2022 година со кое Судот побарал обвинетиот во предметот С.М. да биде спроведен на расправа на ден 12.12.2022 година во 10 часот. Барањето во затворот е заведено со приемен печат на 14.12.2022 година, се наведува во соопштението од Управата за извршување на санкциите.

Со оглед дека се утврдило дека овој акт е ист со претходно доставениот за расправата која била на 23.11.2022 година закажана за 12.12.2022 година, заклучено е, како што велат од Управата за извршување на санкциите, дека веројатно се работи за грешка, особено поради фактот што ни Судот не ја воочил грешката и не доставил исправка на овој акт.

– Имајќи предвид дека КПД Струга претходно постапувал уредно на сите судски барања, а во овој случај не се работи за погрешно постапување, туку за превид на судските служби, Управата за извршување на санкциите не смета дека постои одговорност кај било кој вработен во КПД Струга, нагласуваат од Управата за извршување на санкциите.

Воедно, како што информираат од Управата, разговарано е и со осуденото лице С.М. за настанатата ситуација.

Одговорните во КПД Струга денеска по електронска пошта се известени за следната закажана судска расправа на 26.12.2022 година и спроводот на осудениот е веќе планиран.

За предметот Титаник 2, кој се однесува на злоупотреби и влијанија во Државната изборна комисија за изборите во 2013 година, Кривичниот суд во март 2019 година неправосилно го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, на 3 години затвор за примање награда за противзаконито влијание.

Според обвинението, Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

Во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење.

Освен за оваа првостепена пресуда, Апелација претходно ги укина и првостепените пресудите против Мијалков за Таргет-Тврдина и Трезор и ги врати на повторно судење.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе