Ураганот Лoра ја погоди Луизијана, загина една девојка

МИА/КАЈГАНА
/ 27.08.2020 / 19:54

Ураганот Лoра го погоди југозападниот дел на сојузната држава Луизијана како една од најсилните бури што некогаш ја погодија таа држава, а како што беше соопштено, официјалните информации се дека загинало едно девојче, но се верува дека има повеќе жртви.

Гувернерот Џон Бел Едвардс добил извештај за првата жртва, 14-годишно девојче кое починало кога врз куќата каде што живеело паднало дрво.

– Очекуваме дека може да има повеќе жртви, напиша на Twitter портпаролката на Едвардс, Кристина Стивенс.

Едвардс и гувернерот на Тексас, Грег Абот, рекоа дека ангажирале екипи за спасување. Ебот изјави дека евакуацијата на илјадници луѓе спречила смртни случаи во неговата држава, додека Едвардс рече дека властите во Луизијана сè уште ја проценуваат штетата.

И двајцата гувернери рекоа дека бранот на поплавите не е толку опасен како што првично се стравуваше, пренесува The Voice of America.

Кога го погоди копното, во близина на градот Камерон во Луизијана, Лора ја следеа ветрови од 240 километри на час како ураган од четврта категорија од максимум пет. Денеска ослабе во прва категорија со ветрови од 140 километри на час, објави Националниот центар за урагани.

Компаниите за електрична енергија известија дека повеќе од 600.000 домаќинства и бизниси во моментов се без електрична енергија. Невремето се движи и кон центарот на американската нафтена индустрија, поради што рафинериите престанаа со производство.

Патеката по која се движи Лора е потег на кој живеат околу 4 милиони луѓе, од кои повеќето мораше да бидат евакуирани. Полицијата апелираше до луѓето да се засолнат и нагласи дека ќе бидат потребни неколку часа за безбедно да одат во потрага и спасување на оние што остануваат.

Во градот Лејк Чарлс, Луизијана, со 78.000 жители, налетите на ветерот и до 206 километри на час носеа покривите на куќите и кршеа прозорци.

Сепак, според првичните извештаи, Лора предизвикала помала штета од очекуваното.

Малиот град Порт Артур во Тексас, кој има 54.000 жители, изгледаше како „град на духови“, затоа што само бензинските пумпи и продавниците за алкохол останаа отворени.

Наредена е евакуација на 620 илјади луѓе во Тексас и Луизијана, а се очекува поплавниот бран да го подигне нивото на реката Мисисипи за речиси шест метри.

Областа во Луизијана која ја погоди Лора е мочуришна и особено чувствителна на бран од океанот.

– Загрижени сме дека бранот од невремето ќе влезе многу во копното и практично ќе го покрие целото мочуриште, што значи дека не може многу да се направи за да се запре водата, рекоа претставници на Националниот центар за урагани.

– Многумина не можат ни да замислат како изгледа бран со висина на двокатна зграда, но тоа ќе се случи. Некои места во Луизијана буквално ќе бидат под вода, рече метеорологот Бенџамин Скот.

Се предвидува дека Лора ќе предизвика и торнада во Луизијана. 

Remote video URL

 

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе