Уран на новата фотка на телескопот James Webb изгледа како портал во друга димензија

Вселенскиот телескоп James Webb направи неверојатна нова фотографија пред втората годишнина од неговото лансирање.

Американската вселенска агенција НАСА и европската вселенска агенција ЕСА, кои управуваат со телескопот заедно со канадската вселенска агенција ЦСА, споделија фотографија од ледената планета Уран. Оваа фотографија покажува нешто што изгледа како светкав син мермер кој бранува во црн океан, а е создаден благодарение на инфрацрвените филтри на телескопот за да се снимат брановите должини што идните вселенски патници нема да ги видат со голо око.

Во споредба со генеричките фотографии на Уран направени од вселенското летало Voyager 2 во 80-тите, телескопот Webb понуди поживописна слика. Светлината во инфрацрвениот спектар беше „фатена“ на фотографијата, а сензорите открија „чуден и динамичен леден свет исполнет со возбудливи атмосферски карактеристики“, рече тимот што управува со телескопот.

Новата фотографија ги прикажува прстените на планетата што ја опкружуваат, вклучувајќи го и „нефатливиот прстен Зета“, кој е најдлабок, најслаб и најрасфрлен. Видлива е и северната поларна капа, бела дамка во близина на центарот.

На фотографијата се прикажани и 14 од 27-те месечини на Уран, вклучувајќи ги Оберон, Титанија, Умбриел, Јулија, Пердита, Розалинда, Пак, Белинда, Дездемона, Кресида, Ариел, Миранда, Бјанка и Портија.

За оваа фотографија телескопот користел четири NIRCam филтри, F140M (сина), F210 M (жолта), F300 M (цијан) и F460M (портокалова).

Фотографијата објавена на почетокот на оваа година го покажа Уран во само два филтра, сина и портокалова, а резултатот беше „попримитивен“ поглед на ледениот џин.

Уран има многу мраз, се ротира на 98 степени, додека спротивната страна на планетата влегува во екстремен студ и темнина во текот на четвртина од уранската година. Уранската година трае околу 84 земјини години, што значи дека зимата на темната страна на планетата трае 21 година.

Астрономите веруваат дека сликите од телескопот James Webb ќе им помогнат подобро да го разберат Уран, особено прстенот Зета, кој е важен за идните мисии. Тие, исто така, гледаат на фотографиите како можност да дознаат за речиси 2.000 документирани егзопланети во други сончеви системи кои споделуваат карактеристики со нашиот карпест, леден сосед.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе