Успешно тестирана најновата 6G терахерц безжична технологија

Компаниите отсега ќе можат безжично да пренесуваат и примаат 6G терахерц податоци на оддалеченсот до 320 метри, на отворен простор.

Компанијата LG успешно тестираше безжичен пренос и прием на податоци од 6G терахерци (THz) во фреквентен опсег до 155 до 175 гигахерци (GHz) и тоа на оддалеченост од 320 метри на отворено.

Тестирањето било направено на 7 септември на Институтот „Фраунхофер Хајнрих Херц“ (ХХИ) во Берлин, Германија, и е важен исчекор во комерцијализацијата на размена на податоци од 6G терахерци во надворешни и внатрешни средини во градски подрачја, имајќи предвид дека референтната келиска покриеност со базни станици за урбаните макро келии е на оддалеченост од околу 250 метри на отворено.

Исто така, тоа е голем успех во однос на август минатата година кога LG докажа дека може да пренесе 6G THz податоци на оддалеченост од 100 метри на отворено.

6G технологијата, која користи ултраширокопојасна фреквенција, има релативно краток домет и може да дојде до губиток на сила од пренос до пренос. За да се решат овие проблеми, компанијата LG заедно со Фраунхофер ХХИ и Фраунхофер Институтот за применета физика на цврста состојба (ИАФ) развија засилувач на сила кој може да го зголеми интензитетот на пренос и засилувач со ниско ниво на бучава на приемникот за подобрување на квалитетот на сигналот шпто доаѓа.

Овој повеќеканален засилувач, кој беше користен за време на неодамнешната демонстрација, има излез од над 20 децибели (dBm), што е засилување од над 5 dBm во однос на претходното остварување на LG и Фраунхофер ХХИ & ИАФ кое беше предмет на испитувања. Приемниот засилувач исто така го минимализира создавањето бучава за време на приемот на сигнал. Новата технологија е интегрирана во склоп на најновиот дизајн на модулот на LG, исклучително попогоден за идно производство на интегрирани кола (IC), за да се олесни патот до идна комерцијализација.

Благодарение на успехот на ова достигнување, чекор поблиску сме до остварување на безжична 6G брзина од 1 терабајт (TB) во секунда, во затворени и отворени урбани средини. Се очекува 6G во иднина да биде главен деловен двигател. Воедно, се очекува дискусиите околу стандардизацијата на 6G мрежата да почнат во 2025 година, додека комерцијализацијата на технологијата е планирана за 2029 година, или подоцна. Во споредба со технологијата на безжични мрежи 5G, 6G ќе се погрижи преносот на податоци да биде многу побрз и посигурен.

Глобалните компании се натпреваруваат кога е во прашање 6G, со обѕир на клучната улога која оваа технологија ќе ја има во овозможувањето на сите видови иновации: од ултра-реалистични мобилни холкограми до следната фаза на IoT (Internet of Things) и амбиентални компјутери, кои ќе овозможат прилагодено персонализирано искуство на сеопфатно поврзување на луѓето, објектите и просторот.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе