Уставен суд донесе привремена мерка: Од денес не смее да се бараат податоци за националност во изводите за родени, венчани и умрени лица

Уставниот суд ќе ја преиспитува уставноста на три члена од Законот за матичните книги, во кои е содржан зборот националност во изводите на родени, венчани и умрени лица. Додека трае постапката, до донесување на конечната одлука, од граѓаните не смее да се бараат податоци за националноста за впишување во личните документи.

„Во следниот период Уставниот суд ќе оценува дали е уставно, покрај наведените лични податоци, како што се името, презимето, податоците за раѓање и живеалиште, граѓаните да ја наведуваат и својата националност во матичните книги за родените, венчаните и умрените лица. Според судот, припадноста кон одредена нација е приватно и внатрешно чувство на секој поединец и е негово право да одлучи дали ќе биде припадник на одредена нација, дали ќе се изјасни за сопствената националност, но и да се повика на правото да не се изјаснува за ова. Токму поради тоа е поведена постапката“, вели Христина Беловска, портпаролка на Уставниот суд.

Уставниот суд смета дека оспорените одредби не се во согласност со Уставот, со владеењето на правото и не ја гарантираат тајноста на личните податоци.

„Од денеска, па сѐ додека судот не ја донесе конечната одлука, не смее од граѓаните да се бараат вакви податоци за впишување националност во изводите за родени, венчани и умрени лица, со оглед на тоа што е донесена таканаречена привремена мерка“, извести портпаролката Беловска.

Подносител на иницијативата е политичката партија Левица, а поднесена е на 3 јули годинава.

Од партијата сметаат дека националноста во изводите е отворена врата за автоасимилирање на две нивоа: прво, постои опасност помалите етнички заедници постепено да се претопат во двете актуелно доминантни; и, второ, постои реална опасност македонското население да се бугаризира за само 250 денари, колку што чини таксата за вадење извод, односно декларирањето Бугарин во матичното да биде основ за полесно вадење бугарски пасоши. Освен тоа, Левицата пред поднесувањето на иницијативата предупреди дека личното чуство на граѓанинот не може да се докажува со јавна исправа, односно со документ издаден од државен орган.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Македонија

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Read more

Без струја корисници од Долно Лисиче

Read more
 

Вести

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена

Читај повеќе

Последната земја во западниот свет го укина ропството на денешен ден

Читај повеќе

Kривична за тројца тетовци, меѓу нив и директорот на ПИОМ: Со меѓусебен договор ја изиграле постапката за јавен повик, на сметка на државниот буџет

Читај повеќе

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Читај повеќе

ЕУ скандал: Европол хакиран, доверливи информации се на продажба

Читај повеќе

Паѓаат цените на нафтата, доларот зајакна

Читај повеќе

Италија во проблеми: Младите работници бегаат во странство

Читај повеќе