Уставниот суд ја укина апанажата при оставка или разрешување

Откако пред повеќе од една година двајцата пратеници на Левица поднесоа Предлог-закон за укинување на неуставната апанажа, Уставниот суд сега донесе одлука за нејзино укинување.

Уставниот суд одлучи да нема апанажа за оние функционери кои си поднеле оставка или пак биле разрешени. На последната седница, уставните судии едногласно изгласаа укинување на членот 22 од Законот за плати и надоместоци за избрани и именувани лица, што практично значи дека нема веќе плати за пратениците, министрите, функционерите кои пред истекување на нивниот мандат прекинале да ја вршат својата работа.

„Уставниот суд процени дека овој член нема уставна оправданост и затоа сите пет судии гласале истиот да биде укинат. Судот го зеде предвид и фактот дека до оставка или до разрешување доаѓа заради некаков вид на одговорност поврзана со вршењето на доверената функција. Левица е единствена партија која во јавноста алармираше дека правото на апанажа на функционерите е енормно привилегирачки, со оглед на тоа што истото право не важи за работниците, на кои им следува само 50% од просечната нето-плата која невработеното лице ја земало последната година и тоа под услов, само ако има минимален работен стаж од 9 месеци без прекин или 12 месеци со прекин“, обајви Левица.

„Поради ваквите дискриминаторски одредби, Левица во изминатиот период поднесе и предлог-закон за апанажа на работниците, кој повторно не беше изгласан од анти-работничката Влада на СДС и ДУИ. Ваквите бизнис-партии, кои владеат во тесна спрега со олигархијата, се главни генератори и виновници за сиромаштијата, криминалот и класната раслоеност која владее денес во државата“, додавата од црвената партија.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе