Усвоени плановите за отворање на основните и средните училишта за настава со физичко присуство

Владата на денешната 83. седница ги прифати одделните планови за одржување на наставата во основното и средното образование, согласно одлуките на Министерството за образование и наука (МОН) со повторно отворање на училиштата во учебната 2021/2022 година.

Како што соопшти владината Прес-служба, оваа одлука на Владата го зема предвид укажувањето на МОН дека училиштето е од суштинско значење за образованието и благосостојбата на децата и учениците и дека одлуката за повторно отворање на училиштата се направи по претходна општа проценка на ризиците.

Притоа земени се предвид епидемиолошките фактори, степенот на вакцинација на наставниот кадар, образовниот систем, здравствениот систем и капацитетот на јавното здравство, ангажманот на заедницата и државниот капацитет за одржување на социјална и економска поддршка на најранливите.

– Плановите на Министерството за образование и наука (МОН) за започнување на учебната 2021/2022 година се базираат на потребата да се добијат максимални придобивки за учениците, наставниците и вработените во училиштата и пошироката заедница, а воедно да не дојде до повторно ширење на COVID-19 во нашата држава, имајќи предвид дека едно од основните човекови права покрај образованието е и правото на здравје, стои во соопштението.

Плановите ги објаснуваат чекорите кои треба да ги преземат основните и средните училишта за да ги обезбедат потребните мерки за заштита и со тоа да го намалат ризикот од ширење на корона вирусот, кои се сообразени со Протоколите за постапување на основните и на средните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година.

Тагови
реклама

Македонија

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Тој е врвен професионалец, зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Read more

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Read more

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Read more

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more
 

Вести

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Тој е врвен професионалец, зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Читај повеќе

Ердоган: На ​​Нетанјаху му претстои судбина слична како на Хитлер

Читај повеќе

Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината жена од Аргентина

Читај повеќе

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Читај повеќе

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Читај повеќе

Две девојки повредени откако со возилото излетале од патот Скопје – Тетово

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

Девојка тешко повредена откако со велосипед удрила во пешак

Читај повеќе

Лавров: Ќе се бориме против исламофобијата и русофобијата во светот

Читај повеќе